„Ако некој доаѓа овде да разговара само за уставни измени, тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден“, кажа Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ако тројцата дипломати - шефовите на дипломатиите на Австрија, Словачка и Чешка, кои денеска се во посета на земјава, дошле за да разговараат само за уставните измени, тогаш тој ќе биде навреден.

- Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети, кажа Мицкоски.

Тој нагласи дека дипломатска офанзива и разговори на тема уставни имзени имаат цела година. Вели дека доколку го почитуваат овој народ и сакаат европска идина на Македонија, тогаш ќе посветат повеќе внимание на криминалот и корупцијата, отсуството на реформи, катастрофата во образовниот систем, во здравството, лошата состојба на земјоделците, иселувањето на младите итн.

Мицкоски порача дека е подготвен да разговара со секого за да подобрување на состојбите во државата.