Ако некогаш се сомневаш во мојата љубов за тебе...

„Можеби нема да бидеш нејзиниот прв, нејзиниот последен или нејзиниот единствен. Таа љубела претходно и можеби ќе љуби пак. Но, ако те сака се, што друго е важно? Таа не е совршена, а не си ни ти и двајцата заедно можеби никогаш нема да бидете совршени, но ако таа може да те насмее, да направи два пати да размислиш и да признаеш дека си човек и дека грешиш, држи се за неа и дај и најмногу што можеш. Таа можеби не мисли на тебе во секоја секунда од денот, но таа ќе ти даде дел од себе за кој знае дека можеш да го скршиш – своето срце. Затоа, не ја повредувај, не ја менувај, не анализирај и не очекувај повеќе отколку што таа може да ти даде. Смеј се кога те прави среќен, дај и до знаење кога ќе те налути и нека ти недостасува кога не е до тебе.“ – Боб Марли

 До љубовта на мојот живот,

Можеби не го кажувам ова често, но понекогаш тешко ми е да ги пронајдам вистинските зборови за да кажам што чувствувам. Се фаќам себеси како те гледам и два пати трепкам. Морам да се потсетам себеси дека си мој. Не само тоа, туку и дека ти ме избра да бидам твоја.

По сите грешки и искушенија во мојот живот, никогаш не верував дека ќе те најдам. Мислев дека е најдобро едноставно да се откажам, да бидам затворена и сама. Но, уште пред да се сретнеме, знаев дека нешто ми недостасува. Мислам дека целиот живот ќе го поминев барајќи те тебе.

Понекогаш, кога конечно ќе ја добиеш таа личност која толку долго си ја барал, се чувствуваш како да сонуваш. Одиш внимателно наоколу, плашејќи се дека тоа можеш да го изгубиш во секој момент.

Истото ми се случува и со тебе. Затоа дај ми еден момент и обиди се да ги собереш сите мисли кои ме држат будна до доцна во ноќта, затоа што реалност во која ти си дел е поубава од кој и да било сон.

Не е доволно да ти кажам дека те сакам.  Единствено можам да ти ветам дека ќе те сакам со се што имам. Ветувам дека ќе се трудам после секоја кавга и ќе се трудам да правам компромиси. Ветувам дека ќе бидам до тебе и во тешките времиња и ќе те кревам кога ќе паѓаш.

Затоа што ти си љубовта на мојот живот, а не само некој кој привремено ќе го сакам. Ти си човек кој е запечатен во моето срце и не сакам да живеам живот без тебе покрај себе.

Во тебе ја најдов својата втора половина. Ти ме мотивираше да станам личноста која отсекогаш сакав да бидам. Ти ме научи како безусловно да сакам некого. Ќе го поминам целиот живот давајќи ти се целосно.

Па така, ако некогаш се прашуваш како се чувствувам, ако некогаш си легнуваш поставувајќи си прашања, сакам да ти кажам дека дури и кога те нема, самата помисла на тебе ме тера да се насмевнам. И во тие моменти, ние повторно сме заедно, јас се сеќавам на се што е добро на овој свет, затоа што ти си светлото кое никогаш не помислував дека ќе ме пронајде.

Но, сега кога ме пронајде, никогаш нема да те пуштам.

Искрено,

Засекогаш твоја