Ако некогаш се двоумиш околу тоа дека те сакам...

Ако некогаш се двоумиш околу тоа дека те сакам, еве како ќе ги расчистиш сите сомнежи:

Кога те гледам и кога се насмевнувам, а ти не си кажал ништо. Тоа е поглед кој ти го подарувам само на тебе, затоа што самото твое присуство прави да се топам.

Кога ќе ме разбуди некој кошмар и кога ќе сфатам дека си покрај мене, едноставно ќе се стуткам до тебе, ќе те бакнам и знам дека така ќе ги истерам сите мои стравови.

Кога ти се лутам. Тоа е затоа што се грижам. Ако не се грижев воопшто немаше да имам за што да се лутам, затоа што не би ни очекувала повеќе од тебе.

Кога те поттурнувам да бидеш подобар. Тоа е затоа што го имам видено најдоброто од тебе и знам дека си способен за уште многу големи работи.

Кога се бакнуваме, а одеднаш го менувам расположението. Тоа не е затоа што не уживам во бакнежите, туку затоа што сакав да ја видам твојата насмевка, па решив дека сакам да те скокоткам.

Кога те прегрнувам со целата моја сила. Сакам да бидам што е можно поблиску до тебе и во физичка смисла.

Кога ќе те бакнам додека зборуваш. Не е дека ми бил досаден разговорот, туку едноставно не можам да се воздржам.

Кога знам дека наскоро ќе морам да си одам дома и станувам тажна, затоа што сакам што подолго да сум со тебе.

Верувај ми дека зад секој мој потег има некаква причина. И се надевам дека еден ден ќе сфатиш колку многу те сакам.