Ако не ве ценат – не се докажувајте, бидете тоа што сте

Ако некој не ве прифаќа онакви какви што сте, ако не ве цени -  не е проблемот во вас, во ним е. Немојте поради тоа да ги намалувате своите критериуми, ниту пак да се трудите да бидете друга личност. Не сте кловн кој треба да ги забавува. Кога ќе им дадете еден прст, ќе ви ја земат целата рака. Но, ниту со тоа нема да бидат задоволни.

Не ја намалувајте својата цена мислејќи дека така ќе го купите своето достоинство во нивните очи. Ако не ви веруваат, не се докажувајте. Не се правдајте.

Доволно е да останете верни на себеси и да се трудите само за луѓето кои ве прифаќаат онакви какви што сте. Не очекувајте промени преку ноќ. Тоа нема да оди така лесно.

Не ги молете за љубов, ако не можат да ве сакаат. Тоа ќе ја уништи вашата верба во самите себеси. Не ползете пред тие луѓе.

Тие можеби порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Но, не се фокусирајте на овие луѓе. Посветете се на оние другите, чувајте ги како капка вода на дланка. Тие се вашите луѓе, вашиот тим.  Што и да направите, тие секогаш ќе ја гледаат вашата вредност и секогаш ќе се радуваат на вашите успеси. Ќе ви помагаат да станете во вашите тешки денови.