Што и да правиш, кажи ми ја вистината. Играњето игри со луѓето одзема навистина премногу време и енергија.

Затоа, веднаш да ти кажам дека ако не си сериозен, ако не го сакаш ова, ако не нѐ сакаш нас како пар, тогаш те молам кажи ми. Не ми давај лажна надеж. Немој да ме влечеш за нос.

Ако ти се допаѓам и ако сакаш да се обидеме ова да успее и да се обидеме заедно да градиме иднина – кажи ми.

Објасни ми, кажи ми зошто ти се допаѓам. Зошто сакаш да бидеш дел од мојот живот? Кажи ми зошто се грижиш за мене. И мисли го секој збор што ќе го кажеш.

Покажи ми дека вредам. Покажи ми дека ме сакааш. Покажи ми зошто толку сакаш да бидеш со мене. Немој само да ми кажуваш, сакам и да ми покажеш.

Те молам не се преправај.
Што и да правиш – те молам не се преправај.

Ако планираш да бидеш нешто што не си, ако планираш да си отидеш – тогаш не се преправај дека веруваш во „засекогаш.“

Немој да бидеш со мене само за да бидеш со мене. Биди со мене затоа што гледаш заедничка иднина за нас.

Не се преправај дека ми го држиш срцето, немој да ме скршиш.

Немам проблем да имам иднина без тебе. Но, сакам да ми го кажеш тоа. Не сакам да бидеш слаткоречив. Сакам да ми кажеш дека навистина ме сакаш, затоа што вистината е многу повредна од лажна надеж.

Не се преправај дека сум ти љубов, кога воопшто не ти е гајле за мене.

Не ме прегрнувај цврсто ако не сакаш да бидеш дел од мојот живот.

Не се запознавај со моето друштво и семејство.

Ако се преправаш, тогаш ти не си ништо повеќе од актер и само повеќе го скршиш моето срце.

Да, можеби ќе бидам повредена ако ми кажеш кои се твоите вистински намери. Но, кажи ми ја вистината за да ми го скршиш срцето брзо и искрено.

Те молам искрено кажувај ми ги работите и држи се до нив. Подобро да знаеш дека некој престанал да те сака, отколку да живееш во заблуда дека сѐ уште те сака.

Затоа скрши ме ако мораш, за да можам да видам што сѐ има таму во светот. И да запознаам некој кој ќе го прави за мене она што ти никогаш не си можел.