Ако не си подготвен искрено да ме сакаш – остави ме на мир

 

Наречете ме конзервативна или традиционалистка, но јас сум личност која верува во љубовта во нејзиниот класичен облик. Јас верувам дека вистинска љубов е онаа нераскинливата, онаа која трае засекогаш.

Можете да кажете и дека сум опседната со таа идеја за љубовта, но не ми е грижа. Јас секогаш ќе бидам личност која ќе ја бара таа љубов, која ве остава без здив, онаа љубов покрај која не сакате, ниту ви е потребна друга. Јас сум личност која верува во добрината на човечкото срце и секогаш ќе бидам таква личност. Не сакам ништо половично. Не сакам некој да биде во мојот живот само за кратко. Ако сакаш да бидеш со мене – треба да сакаш да бидеш со мене цел живот. Иако звучи екстремно, јас секогаш сум била таква. Јас не давам минимум, јас давам сè од себе. Ти треба да сакам да споделиш сè со мене, само така ќе можам во целост да ти верувам. Твоите најдлабоки мисли, желби, стравови, чувства, сакам да знам сè.

Мора да ме увериш дека ме сакаш и да сакаш да бидеш со мене, да ми ставиш до знаење дека нема да се откажеш после првата препрека која ќе се појави, морам да знам дека ќе сакаш одново да ме освојуваш и да се бориш – само така ќе можам да возвратам со иста мера. Ако мислиш дека ќе се задоволам само со делови од твоето внимание, си се излажал. Те молам да ме сфатиш сериозно, јас не сум играчка со која ќе си поиграш и потоа ќе ја фрлиш, ниту пак јас ќе се однесувам така. Сакам искрен однос полн со љубов и разбирање и сакам и јас да ја дадам истата количина љубов. 

Не ги сакам ниту оние врски кои сега се популарни, познати и како „пријатели без обврски“. Или сме пријатели или сме во врска, јас не ги мешам тие односи. Љубовта за мене е сврта работа не ја нарушувам со врски каде не знам ни која сум ни што сум во таа врска. Мојата идеја за љубовта ми кажува дека морам да вложам труд во љубовта и јас сум подготвена на тоа. Љубовта е една од најубавите работи кои човек може да ги искуси и затоа уживам во љубовта со цело свое битие. 

Ја разбирам и одговорноста која доаѓа со љубовта и подготвена сум да ја споделам со својот партнер и морам да бидам со некој кој ги сака истите работи како и јас. Сакам нешто што е постојано и реално. Барам нешто што ќе трае засекогаш. Ако не си подготвен да ми го дадеш тоа, подобро е да ме оставиш на мир.