Ако не се појави нов сој, пандемијата ќе премине во помирна фаза, вели д-р Бухова

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат утринава гостуваше во Утрински брифинг, каде ги изнесе своите ставови и претпоставки околу моменталната ситуација со пандемијата. 

Според неа, фактот што дневните бројки на новозаразени не надминале 3000 лица, значи дека се наоѓаме во фаза на рамномерно заразување, без големи отскоци во епидемиолошката крива. 

„Ако не се појави нов сој би очекувале сите во раните пролетни месеци или до средината на годината пандемијата да преминува во некоја помирна фаза, така се и препораките од сите светски вируслози“, вели во Утрински брифинг директорката на ДСЗИ Д-р Ирина Сотирова Бухова.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.