Ако не нè сакаат доволно за да останат, да ги сакаме доволно за да си заминат

Веруваме дека оние кои ги сакаме се должни да останат со нас. Но, вистината е дека некои од нив си заминуваат. Ние сме луѓе со безброј чувства кои се придвижени од апсурдни ситуации. Едвај можеме да ја разбереме својата природа. Како тогаш да ги разбереме нашите љубовни партнери кои сакаат да си заминат? Ако сакаат да си заминат – нека го сторат тоа. Без оглед на тоа колку се трудиме, не постои ништо што ќе ги спречи да си заминат. Реалноста е поинаква од нашите ментални конструкции. Сакаме да веруваме дека луѓето кои највеќе ги сакаме никогаш нема да си заминат. 

Кога почнуваме нова врска, мислиме дека засекогаш ќе бидеме заедно и се обидуваме да создадеме нова реалност. Но, реалноста е дека луѓето и околностите се менуваат. Она што почнало вчера, може да заврши во секој момент. Оспорување на таа вистина е подеднакво залудно, како што е залудно да чекаме авион на автобуска станица. Оставете ги да заминат. 

Луѓето доаѓаат во нашиот живот со причина и си заминуваат со причина. Немојте премногу да ја преоптоварувате главата со тоа. Кога ќе пуштите да си одат, причината се манифестира. Можеби, кога ќе ги пуштиме, некој друг ќе влезе во нашиот живот. Можеби тоа ќе бидеме ние самите. Можеби на личноста која си заминува ѝ е судено повторно да влезе во нашиот живот. Наместо да ги држиме луѓето кои сакаат да си заминат, треба да им ја отвориме вратата. Гледајте како заминуваат и знајте дека работите ќе дојдат на своето место и дека работите ќе се случат онака како што се судени да се случат. Пуштете ги и верувајте дека северната страна на магнетот секогаш ќе биде привлечена од јужната страна на другиот магнет. Ако вие сте на југот, тие повторно ќе го пронајдат патот до вас. А ако не сте, верувајте дека ќе го најдете северот кој ви е суден. 

Ако сакаат да си заминат, знајте дека тоа е најлогичниот избор – да ги оставите да си заминат. Сè останато е залудно. Не се обидувајте да сфатите зошто треба да ги пуштите. Знајте дека сè ќе биде во ред. На почетокот е болно, но потоа стануваме посилни. Ако не нè сакаат доволно за да останат, да ги сакаме доволно за да си одат. Можеби не постои апсолутна идеја за љубовта. Факт е дека сме ја определиле љубовта врз основа на нашите искуства. Доколку оние кои ги сакате сакаат да си заминат, верувајте дека последниот облик на љубов е да им дозволите да си одат. 

Тоа сигурно не е ваша вина и најверојатно не е ни нивна. Каква смисла има да обвинувате некој кој не е виновен?

Сè во животот има свој тек, а ние мора да течеме заедно со него.