Ако можете да изберете што да бидете во овој свет, се надевам дека ќе го изберете ова...

Без оглед на тоа како светот ве обликува, вие сте оние кои ги контролираат своите избори. Вие можете да бидете што сакате да бидете и вие сте единствената личност која стои на тој пат. Ако можете да изберете да бидете што било на овој свет, се надевам дека ќе го изберете ова.

Се надевам дека ќе изберете да бидете емотивна и нежна личност. Животот постојано задава удари до точка што нè прави груби, прави да бидеме затворена школка која навидум нема чувства. Срцето и нежноста нека бидат вашите најдобри карактеристики и недозволувајте другите да ви кажуваат поинаку. Нежноста не е слабост, таа е цврстина е храброст. Лесно е да ги исклучите чувствата, но потребна е храброст за да ги изразувате вашите чувства.

Се надевам дека ќе изберете да бидете личност со интегритет. Не дозволувајте некој да ви ја одземе моќта до точка да мора да направите компромис за сите работи кои вам ви се драги. Секогаш ќе има други луѓе, но секогаш ќе се имате себеси. Ако постојано и за сите работи се прилагодувате на другите, на крај ќе останете празни. Животот е болен, но интегритетот ви го дава достоинството дека сте останале она што сте. 

Се надевам дека ќе изберете да бидете личност која прифаќа неуспех и грешки. Вие сте само човек и дозволено ви е да паднете одвреме-навреме. Без оглед на тоа колку сте успешни, ова не значи дека нема да се соочите со проблеми. Прифатете го фактот дека грешките се дел од вашето созревање и служат како потсетник дека не сте непобедливи. Никогаш нема да го достигнете совршенството по кое трчате, а ако сте опседнати со тоа, тогаш само ќе се уништите себеси. Затоа дишете. 

Се надевам дека ќе изберете да бидете личност која го прави животот вреден за живеење. Животот е хаотичен и понекогаш истоштува, но се надевам дека ќе изберете да го направите животот сосема поинаков од тоа. Се надевам дека сте причина за насмевка кај другите луѓе или дека им давате инспирација на другите да се борат за себеси. За што и да се работи, се надевам дека вие сте олицетворение на оние работи кои се убави во овој свет.

Во свет полн со хаос и темнина, бидете личност која е жив потсетник за тоа како изгледаат љубовта, надежта и вербата.