Ако ме прашаш зошто те сакам, еве што ќе ти кажам...

Некој еднаш ме праша зошто те сакам и никако не можев да ги најдам правите зборови. Како да го опишеш присуството на човек  во твојот живот, кој те прави подобра личност?

Како да ги најдеш правите зборови во свет полн со збунетост и хаос и во кој единствената личност која ти носи смисла е таа личност.

Се заљубив во тебе на начинот на кој засакуваме песни. Прво го отфрламе непознатото, а потоа секој збор го пуштаме одново и не можеме да престанеме да слушаме.

Те сакам затоа што така требало да биде.
Затоа што ги знаеш моите тајни.
Те сакам затоа што ги знаеш моите стравови и стоиш покрај мене додека се соочувам со нив.
Те сакам затоа што само со еден збор знаеш дека нешто не е океј.
Те сакам затоа што ја прифаќаш секоја моја маана и ги зацврстуваш моите доблести.
Те сакам затоа што го знаеш моето минато и го прифаќаш.
Те сакам затоа што знаеш како да ми се пикнеш под кожа.
Но, ја сакам и нашата способност да си простуваме еден на друг.
Те сакам затоа што ме знаеш подобро од самата себе.
Те сакам затоа што си покрај мене дури и кога километри стојат меѓу нас.
Те сакам затоа што ме почитуваш и со тоа ме научи да се почитувам себеси.
Те сакам за секоја насмевка која ми ја имаш ставено на лицето.
Те сакам затоа што ги бришеш сите мои солзи.
Те сакам затоа што правиш да се чувствувам како најубавата жена на светот.
Те сакам затоа што си заштитнички настроен кон мене.
Те сакам поради начинот на кој ме сакаш.
Те сакам поради начинот на кој нашите прсти совршено се вплеткуваат.
Те сакам за секоја твоја лудост.
Те сакам заедно со твоите маани.
Те сакам затоа што ме разбираш дури и кога самата не се разбирам.
Те сакам за секој бакнеж. За секоја насмевка. За секој спомен. За се што си. И за она што ме правиш. Во добро и во лошо.

Те сакам без да знам зошто и како и се што знам е дека не сакам да престане.