Ако имате среќа...

Ако имате среќа, ќе останете сами. Сосема сами, кога нема да има никој покрај вас, ќе морате да се потпрете на земјата и на себе.

Ако имате среќа и ако се погоди времето, животот ќе ве удира, ќе ве скрши како орев и ќе добиете јадро.

Ако имате среќа и ако се погоди времето, ќе страдате. Толку многу што таа болка ќе направи да умрете одвнатре, а потоа ќе ви помогне да се препородите.

Ако имате среќа, вие ќе плачете. И тие солзи нема да можете да ги заджите. И преку нив, ќе дојде до ослободување, а потоа и вистинскиот живот.

Ако имате среќа, вие ќе бидете ранливи и нема да можете да го скриете тоа. И тогаш ќе сфатите кој е навистина покрај вас, а кој не е.

Ако имате среќа, нема да ги знаете одговорите на прашањата. И тогаш ќе морате самите да ги побарате.

Ако имате среќа, ќе се разочарате од луѓето, идеите, учителите и добрите волшебници. И преживувајќи го тоа, ќе го согледате вистинскиот свет.

Ако имате среќа и ако се погоди времето, нема да имате од кого да побарате совет. Баш никој. И ќе морате самите да го пронајдете вашиот внатрешен компас.

Ако имате среќа и ако се погоди времето, ќе ви биде неиздржливо, толку многу, што ќе морате да направите нешто со тоа или едноставно ќе се опуштите и ќе дозволите светот да направи нешто со вас.

Ако ви се посреќи, ќе бидете измамени и речиси скршени. И тоа „речиси“ ќе создаде брчки на мудроста на вашето лице. И искуство кое ќе остане со вас до крајот на животот.

Ако ви се посреќи, ќе стекнете многу пари, силно ќе ја почувствувате длабочината на очајот и тогаш ќе се скрши илузијата дека среќата е во нив.

Ако имате среќа, нема сите да ве сакат. И ќе биде потребно да изградите внатрешен систем на вредности. А желбата да им се допаднете на сите ќе си отиде од вас.

Ако имате среќа, ќе се соочите со саканите, лице во лице. И тука ќе има две вистини. Нивна и ваша. И ќе го почувствувсте ехото помеѓу различни универзуми кои едвај се допираат.

Ако имате среќа, ќе можете да го издржите сето ова и ќе најдете начин да се промените себеси. Ќе ја доживеете таа внатрешна алхемија, која создава убавина од болката. Од бесот – смиреност. Од стравот – остварување. Од радоста – инспирација. Вината и срамот ги чисти до душата како чистачот што го чисти старото ѓубре. А раните ги преобразува во белези.

Ако имате среќа и ако ви се погоди времето...