Ако граѓаните се одговорни, нема да има бездомни животни, истакнуваат активистите

Ако граѓаните се одговорни, нема да има бездомни животни, истакнуваат активистите. Бараат сериозен пристап од државата при контрола на сопствениците. Агенцијата за храна и ветерина наредниот месец масовно и бесплатно ќе ги пушти во оптег микрочиповите за миленици, кои ќе помогнат за контрола.

Граѓаните повторно сведочат за непријатни ситуации со бездомните кучиња. Случаите на напади од кучиња, но и труења на скитниците, не стивнуваат. Оние што се плашат од уличните кучиња и оние што не се плашат, се согласуваат дека мора да се најде решение и да се вложи.

Здруженијата за заштита на животни сметаат дека проблемот е во неодговорното сопствеништво и недостаток на сериозна контрола.

Околу труењата на кучињата, од здруженијата велат дека полицијата мора посериозно да постапува.

Полицијата не ги третира овие случаи сериозно за да може конечно да фати еден трујач, кога ќе фати и казни еден трујач тоа ќе биде пример за сите, едноставно кога ќе се јавите во полиција да пријавите труење тоа не го гледаат како било каков престап и го игнорираат случајот, велат активистите.