Ако го скршат вашето срце, запаметете ги овие зборови

Ако некој го скрши вашето срце, не ја трошете својата енергија мразејќи ги. Омразата нема да ви помогне да продолжите понатаму, таа само ќе ве заглави во една точка.

Не се истоштувајте себеси барајќи одговори на прашањата кои не можете да си ги одговорите, не се обидувајте да се обвинувате бидејќи не ги забележавте знаците дека тоа ќе престане. Не се обидувајте да се мразите себеси мислејќи дека требаше да знаете дека сето ова ќе заврши вака.

Ако ви го скршат срцето, заминете. Не погледнувајте назад.

Ако ви го скршат срцето, тие не ве ни заслужуваат. Можеби ве боли, можеби сте скршени, но личноста која ќе ве изневери и предаде не заслужува трошка од вашето време. Не се обидувајте да најдете причини за да им простите, бидејќи тие ќе го прават тоа повторно и повторно.

Ако ви го скршат срцето, заблагодарете им се. Заблагодарете им се бидејќи тие не се вистинската личност за вас. Тие не се личноста со која заслужувате да остарите и да создавате убави, заеднички спомени.

Еденден, ќе најдете друга личност. Личност која нема така сурово да го скрши вашето срце. Некој кој ќе ве сака со грижа и нежност. Личност која ќе се бори за вашата љубов, секој ден. Личност која ќе ви помогне да се развивате, наместо да бидете тажни.

Ако ви го скршат срцето, пуштете ги да си одат. Но, и вие заминете.

Бидејќи некаде, некој чека на вас.