Ако го пронајдете ова во себе, ќе имате сè што посакате

Еден од најпознатите руски психолози Михаил Лабковски открива што е важно да се пронајде во животот – многу повредно од пари и убавина! Кога ќе го најдете – целиот свет е ваш! Тој често дава насоки и совети за животот, љубовта, среќата, но и односот кој треба да го имаме самите со себе. Во еден негов текст тој особено ја истакнува моќта на самодовербата и зборува за тоа колку е таа неопходна и важна за среќа во животот. 

Тој вели: „Самопочитта (самодовербата) надоместува сè:  ако нема посебна убавина, образование или талент, но човек бескрајно се сака себеси и не се сомнева ( и апсолутно со право) во својата посебност и шарм – дефинитивно ќе биде посреќен и посилен од некои кои се можеби и попаметни, поубави, па дури и побогати. Високата самодоверба победува сè.“

Често забораваме колку е важно да се сакаме себеси и своето битие во целост. За жал, имаме наклонетост кон тоа да ги забораваме своите доблести, способност и убавина, а кога ќе се погледнеме во огледало или ќе се вратиме од минатото, почнуваме да трагаме по своите грешки и мани. Не се раѓаме со самодоверба, таа секојдневно се вежба за да се подобри. За почеток, секое утро пред огледалото кажете си неколку убави зборови. Пред спиење, заблагодарете се на самите себеси за сето она што сте го направиле, заблагодарете му се на вашето тело на енергијата, на умот за мудроста, а на срцето за чувствата. Секој ден бидете горди на себе и замолчете го внатрешниот критичар. 

Лабковски рекол: „Сепак сакајте се себеси. Вежбајте ја самодовербата, одобрувајте, простувајте, и не се споредувајте се со никого. Никогаш.“