Ако една личност се однесува како да не сте и важни, време е да поверувате дека навистина не сте и важни

Девојки и момци, вистинската причина зошто некој се однесува како да не сте му важни, бидејќи навистина не сте му важни. Повторно и повторно, луѓето забораваат на претходните искуства, или искуствата на нивните пријателки и пријатели и се обидуваат да го игнорираат тоа што го прават другите луѓе, мислејќи дека ги разбираат.

Всушност и нема што да се разбере. Ако некој се однесува како да не му значите, тогаш тоа е така. Не му значите.

Ако една личност сака да биде со вас, таа ќе направи сè за да го исполни тоа.

Генерално земено, сите често ги оправдуваме оние кои ги сакаме за нивните постапки. Но, кога една постапка се повторува постојано, другата личност ни испраќа порака која едноставно не сакаме да ја видиме.

Личноста која сака да биде со вас, ќе најде време во вашиот распоред за да ве види. Ќе се разбуди порано, ќе оди на спиење подоцна. Можеби ќе има полн распоред во текот на денот, но сепак ќе најде време за да ве види.

Тие ќе најдат време да комуницираат со вас, време за да ве видат и да бидат тука за вас. Нема огромна филозофија во тоа. Затоа, не си го трошете времето мислејќи и анализирајќи што некој мисли за вас. Никогаш нема да можете да ги прочитате нивните мисли, но можете да ги видите нивните дела.

Кога сакаме нешто, се трудиме да најдеме начин да го добиеме тоа. Или да го постигнеме тоа. Немојте да ги гледате само зборовите и ветувањата. Видете колку тоа се совпаѓа со тоа што тие го прават.

Имајте храброст и самопочит за да разберете дека заслужувате подобро од вас. Дека не треба да бидете ставени во ситуација да читате мисли или да ја уништувате својата самодоверба со личност која не е сигурна дали сака да биде со вас. Видете ги сигналите, размислете и продолжете понатаму.