
Откако вчера се случи големо свлечиште на земја на градилиште во скопски Центар, на спојот на улицата „Христо Смирненски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, при што беа оштетени делови од улицата и тротоарот, а падната бандера оштети и паркирано возило, на социјалната мрежа „Х“ се појавија лавина реакции.
Дел од „твитерџии“ реагираат на издавањето на градежни дозволи, дел реагираат на инфраструктурата во овој дел на градот која не била предвидена за висококатници, други пак им се чудат на оние граѓани кои во денешно време купувале новоградби...
Какво е тоа неконтролирано издавање дозволи? Ако дојде инвеститор со уредни документи и аплицира за издавање дозвола ти што ќе направиш? Нема да му издадеш?
— Маската (@ThePhantasm45) May 25, 2026
Ја стварно не знам како луѓево купуваат новоградби?! Треба ептен да си неинформиран за да не знаеш дека квалитетот е катастрофа, а башка околината... соседна тераса на 0.5 метри, приватност 0, место за паркинг (иако ќе го платиш) 0, па уште 2000+ евра квадрат... тежок идиотштил'к
— miki angjele (@MAngjele) May 25, 2026
Сосема очекувано е свлечиште во сред центар на градот. Се гради неконтролирано, без стандарди, без услови, без ништо. На секое ќоше нова зграда.
Ако цела инфраструктура била градена за куќи, сега истата инфраструктура е за влез со 100 стана.
Допрва ќе се распаѓа сѐ.
— NextGen (@civicwhisperer) May 25, 2026