Аки пред смртта му се јавил на пријател во Скопје, планирал да ја посети мајка си

Пејачот на култната рок-група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина вчера на 67 години, потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки.

Како што дознава „Вечерњи лист“, Аки вчера наутро разговарал со својот пријател Здравко Ситновски од Скопје и планирал патување во Македонија.

Аки сакал да ја посети својата мајка во Македонија, па се договорал со Здравко да го пречека на скопскиот аеродром.

Исто така, неколку минути пред смртта, пејачот му се јавил и на пријателот Тихомир Поп Асановиќ во Загреб.

Меѓутоа, клавијатуристот на некогашниот бенд „Тајм“, со кој Рахимовски бил во постојан контакт, немал мобилен телефон со себе и, за жал, доцна го видел пропуштениот повик.

Аки и Тихомир се запознале уште во седумдесетите години, на фестивалот „Блум“ во Љубљана. Веста за смртта на пријателот го шокирала клавијатуристот, кој имал многу убави планови со Аки.

Легендарниот пејач Аки Рахимовски со семејството живееше во Словенија, но неговото последно збогување, сепак, ќе биде во Загреб.