Акциска контрола вчера во Скопје - санкционирани 128 возачи

Вчера во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции, информираат од МВР.

За време на сообраќајната контрола изречени биле и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Оттаму наведуваат дека сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од МВР.