Акциска контрола на МВР: Исклучени 12 возила кои вршеле јавен превоз

 

Денеска (04.10.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, информираат од МВР. 

Имено, при контролата, санкционирани се 76 возачи, од кои еден за вршење јавен превоз без лиценца по член 284 - а од Кривичниот законик. Исклучени од сообраќај се 12 возила кои вршеле јавен превоз на патници, од кои пет на територија на СВР Охрид, пет на територија на СВР Велес, и по едно возило на територија на СВР Куманово и СВР Штип.