Акцијата за обнова на паркот „Гази Баба“ заврши успешно

За само два дена, како што беше ветено, од ЈП „Паркови и зеленило“ ја реализираа акцијата за обнова на паркот во Гази Баба. Нивните екипи изминативе денови работеа интензивно по што резултатот се поставени нови информативен знаци, нови видиковци и обновени места за одмор и релаксација.

- Така како што побаравте, така и се реализираше вашето барање и тоа само за два дена! Кај стадионот во паркот „Гази Баба“, отсега освен што ќе можете да играте гудбал и кошарка, на располагање ви стојат и поставените седишта за публиката. Не чекате, излезете и посетете го паркот и спортувајте - информираше на социјалните мрежи Ардијан Муча, директор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Претходно тој ја најави акцијата и вети непрекината работа во иднина и реализација на ветеното.

- Знам, не очекува уште многу работа, но како што им кажав и на граѓаните што ги сретнав денес, секој ден реализирајќи по една мала работа но со голема посветеност и љубов ќе успееме да го измениме градот и тоа зголемувајќи ја љубовта кон природата и овозможувајќи повеќе зеленило за да поминувате повеќе време со семејствата низ парковите – изјави пред почетокот на акцијата  на ЈП „Паркови и зеленило“.