Акцијата за бришење на сонцето од Кутлеш низ земјава, наиде на потсмев во Грција

Акцијата за бришење на сонцето од Кутлеш низ земјава, наиде на потсмев во Грција. На социјалните мрежи грчки граѓани објавуваат маички на кои се испринтани скопските шахти пред и по отстранувањето на симболите. Маичките кои стануваат хит кај јужниот сосед носат порака Сега го гледаш, сега не.

Новопоставената ознака на споменикот на Александар Велики во центарот на Скопје го привлече вниманието и на поранешниот грчки министер за надворешни работи и еден од потписниците на преспанскиот договор.

Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денес стои под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателството меѓу народите и удар врз алтруизмот“, напиша Никос Коѕијас на Твитер.

Изминативе денови властите го бришат сонцето од Кутлеш од градските шахти, а на спомениците на плоштадите ширум земјава беа поставени таблички со појаснување. 6 месеци по стапувањето на сила на спогодбата помеѓу Македонија и Грција, надлежните институции добија наредба од Владата да ги преиспитаат сите споменици, знамиња и грбови на општините,  јавни објекти и инфраструктура. Согласно наредбата сите спорни симболи треба да бидат отстранети, а објектите да бидат соодветно означени  дека потекнуваат од античко хеленската историја. За непочитување на обврската институциите ќе бидат казнети согласно законот. Наредбата не важи за приватни лица и објекти.