Акција за темелно чистење на јавните паркинзи низ Карпош

Утре , со почеток од 08:30 часот до 11:30 часот, Општина Карпош ќе спроведе акција за чистење на јавните паркинзи на ул. „Анкарска“ и ул. „Багдадска“, во урбаната заедница Владо Тасевски.

-Со цел непречено спроведување на акцијата, Ве информираме дека е потребно да ги отстраните возилата од паркинг просторот.
Општина Карпош и во претстојниот период ќе продолжи со тековното одржување на хигиената и грижа за животната средина.
Ви благодариме на соработката и разбирањето, информираат од општина Карпош.