Акција за средување на училишниот двор на ООУ "Кузман Шапкарев"

Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на општината, извршија увид во работните активности за средување на училишниот двор на ООУ Кузман Шапкарев, во Драчево.

Имено, оваа голема акција во дворот на училиштето ја спроведува Општина Кисела Вода. Во моментов се косат нараснатите тревни површини, се кастрат гранките на дрвајата и грмушките. Покрај ова, во исто време се расчистуваат и отпадоците одложени во истиот.

За успешно спроведување на акцијата, локалната самоуправа вклучи 20 сезонски работници, како и механизација, два камиони и еден багер.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените корпи и контејнери за отпадоци, да се придржуваат до Законот за јавна чистота, се со цел заеднички да придонесеме за почиста и поубава Кисела Вода.