Акција за собирање на кабаст отпад во Ѓорче

Општина Ѓорче Петров во соработка со ЈП„ Комунална хигиена" во петок и сабота ( 15 и 16 Септември) ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата во Петок ( 15 Септември) ќе се одвива во УЗ „Хром" , Дексион и дел од УЗ „Мирче Ацев" од 07 до 9.30 часот На 16 Септември ( сабота) акцијата ќе се спроведе на дел од УЗ "Мирче Ацев и Даме Груев. Граѓаните кои имаат кабаст отпад ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради .

Потребно е местото да биде пристапно до возилата на ЈП „Комунална хигиена" за да можат непречено да го соберат отпадот. Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.