Акција за собирање електричен отпад во општина Бутел

Општина Бутел викендов ќе организира акција за собирање на електричен и електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори.

– За таа цел ги повикуваме граѓаните да го подготват непотребниот електричен отпад и да ги изнесат старите, расипаните и непотребните електрични апарати пред своите домови или стамбени згради, како би можеле екипите на општина Бутел да го соберат, односно да го товарат во соодветни товарни возила – се вели во соопштението од општината.

Во сабота на 14 април од 9 до 16 часот отпадот ќе се собира во населбата и село Радишани, Расадник и Љуботенски пат,  а во недела на 15 април во периодот од 9 до 14 часот за граѓаните од Бутел 1 и 2 и Скопје Север.

Од општината информираат и дека по завршувањето на акцијата граѓаните ќе имаат каде да ги одложуваат непотребните и расипани електронски апарати.

На територијата на Општина Бутел веќе се поставени три контејнери: Пред Општина Бутел, пред ОУ „Ацо Шопов“ и пред ОУ „Петар Здравковски Пенко“.

Претходно граѓаните ќе треба да го побараат недлежниот редар кој ќе им го отклучи контјнерот во кој ќе се складира непотребниот електронски уред, или друг електричен отпад. Контакт лицата се од општината Душко Неделчиќ, 070/681-740, за контејнерот пред Општина Бутел и Димитар Ѓаковски, 070/651-156, за контејнерот пред ОУ „Ацо Шопов„ и Тони Михајлов, 070/328-397, за контејнерот пред ОУ „Петар Здравковски Пенко“.