Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на правија увид на домот „Ранка Милановиќ“.
Во вчерашната координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал при Министерството за Внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади со асистенција на униформирани полициски службеници е одземена голема количина на различни видови отпад и извршено е уривање на три бесправно изградени објекти кои служеле како работилници за преработка на отпад.
Со помош на механизација на Јавното Комунално претпријатие Гази Баба се собра повеќе од 50 тони отпад кој беше во дворот на објектите. Ќе биде поднесена кривична пријава против едно лице кое спротивно на Закон вршело различен вид на активности без за тоа да поседува соодветни дозволи за вршење на дејност, а согласно Законот за управување со отпад, информираше Стефковски.
Оваа акција следува по оддржани неколку состаноци во Владата и претставува почеток на процесот кој ќе донесе трајно решение за проблемот со Ранка Милановиќ.