Акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП Паркови и зеленило, по налог од Град Скопје, деновиве спроведуваат акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар.

Теренските екипи неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки, сечење избојци и чистење на површините.

Акцијата започна во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак до седиштето на ЈП „Лајка“.

Истовремено, како дел од оваа акција, се работи и од левата страна на Вардар, каде што се врши уредување на зеленилото на потегот од вливот на Лепенец во Вардар до мостот на бул. 8 Септември.