Акција за косење, чистење и уредување во општина Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека во тек е акција за косење, чистење и уредување на општината.

„Низ населените места, училишните дворови, детските и спортските игралишта и парковите се косат нараснатите тревни површини. Се косат и се уредуваат сите тревни површини и исто така се кастрат двјата низ цела општина. Акцијата за косење и кастрење на дрвата ќе продолжи и во наредниот период со цел граѓаните да можат безбедно да ги користат зелените површини и парковите“, напиша Костовски.