Акција за чистење во Општина Ѓорче Петров

Во пресред на пролетта во Општина Ѓорче Петров се одржаа неколку активности за чистење на општината. Комуналните служби ги чистеа тротоарите и паркинзите по должина на улицата ,,Лука Геров”, во населбата ,,Даме Груев”.

Се чистеше и отстрануваше насобраниот талог од јавните површини. Како што информираат од општината и во наредниот период  продолжува со редовно рачно собирање на сметот како дел од алтерантивните и интервентни мерки против аерозагадувањето.

Исто така во Општина Ѓорче Петров се работеше и на тревните површини каде се насобира поголема количина на отпад од несовесните граѓани. Примeр за тоа како треба да се однесуваме кон животната среднина, испратија од Центарот на лицата со интелектуална попреченост ,, Порака”. По своја иницијатива,  штитениците од центарот го исчистија ѓубрето од местото кај последната автобуска постојка на  22-ка, во село Волково.  

Од општината велат дека активностите за чистење на јавните површини ќе продолжат и понатаму со цел Општина Ѓорче Петров да биде убаво место за живеење.