Акција за чистење на Љубаништа: Работа има колку зајдисонца летоска...

Туристичката сезона во македонскиот бисер Охрид помина, но се чини ѓубрето остана на плажите, околу спомениците, во природата...

Активистката и актерка Ирена Ристиќ, која е на чело на една од најактивните групи „Не биди ѓубре“, споделувајќи фотографија од плажата Љубаништа полна со смет, ја најави нивната следна еко акција. 

-Помина сезоната. Изнасликавте зајдисонца, изнапишавте или копиравте кепшнс за нив и заминавте. Што оставивте зад вас?!, пишува Ристиќ упатувајќи покана за чистење на Љубаништа, оваа сабота од 10 часот. 

-Поканети сте сите, и охриѓани и стружани и мештани и општинари и хејтери и поддржувачи...Работа има колку зајдисонца летоска и лајкови на фотките од истите... вели Ристиќ.

Дел од локацијата вчера беше опфатена акција на волонтери од Охрид кои порачааа дека веќе се собрал еден цел ФАП камион пластичен отпад.