Акција во парк: Отидоа сите што се паркирани на трева (фото)

Градскиот парк во Скопје и вчера беше полн со коли. Испаркирани автомобили имаше низ пешачките патеки и зеленилото во паркот.

За разлика од минатиот викенд кога полицијата и пајак службата на Град Скопје ги немаше, вчера тие беа на терен. Како што соопштија од Градот, до 15 часот подигнати се 8 непрописно паркирани возила.

Екипите на ЈП ‘Градски паркинг‘ во наредниот ќе продолжат со редовните контроли на терен, а граѓаните кои ќе забележат непрописно паркирани возила, истите може да ги пријават  на телефонскиот број: 071 230-655“, велат од Град Скопје.

Казната за непрописно паркирање на пешачки патеки е 2.500 денари, додека за во зеленило 3.500 денари.