Акција на полицијата: „Паднаа“ дилери во Аеродром, Карпош и Волково

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, во насока на спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, спроведе низа активности со цел справување со овој вид на криминал.

Имено во четвртокот во 11 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, изврши претрес во домот на Е.М. (39) во с.Побожје, тетовско. При претресот била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 13 часот полициските службеници го лишиле од слобода Ф.Д. (38) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во с. Волково, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со црна течност, порцелански сад и скалпел со остатоци од марихуана.

Полициските службеници околу 16 часот, ја лишиле од слобода Е.М. (32) од Кавадарци, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја и 25.300 денари.

Од слобода бил лишен и М.Ѓ. (47) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и една вага со остатоци од прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, против сите овие сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.