Акција на полицијата: Откриена голема количина на дрога и оружје во стан во Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.А. и 18-годишниот Ф.В., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Кривична пријава е поднесена и против 48-годишниот Д.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. 

На 12.06.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени 1.004 грама марихуана. При претресот бил затекнат второпријавениот и при преглед над него биле пронајдени и одземени 294 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Истиот ден полициски службеници извршиле при претрес и во домот на третопријавениот каде пронашле и одзеле револвер „EKOL VIPER“, два пиштоли, 331 куршум калибар 9 мм и 14 куршуми калибар 7,62x39 мм, кои ги поседувал без дозвола.