Акција на МВР: Мотоциклистите ретко користат заштитна кацига

 

83 возачи на мотоцикли се санкционирани во текот на вчерашниот ден (22.09.2022), во акциската контрола спроведена на територија на цела држава. 

Од вкупно 83, 33 биле исклучени од сообраќај. Од нив, 59 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Од МВР со апел мотоциклистите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај.