Акција на МВР: Казни за 240 возачи кои ја надминале дозволената брзина

Санкционирани 240 возачи по спроведена акциска контрола на територијата на цела држава. 

Засилената контрола е спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09.22), со цел санкционирање на возачи кои возат со брзина поголема од дозволената. Од вкупно 240 санкции, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 113 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.

Од МВР инфмираат дека ќе продолжат со ваквите контроли и во следниот период и апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните прописи.