
Финансиска полиција утрово уапсила лице за кое постојат сомнежи за сторен финансиски криминал поврзан со Општа болница Прилеп, објави порталот МКД.мк.
Ова е втора акција на Финансиската полиција поврзана со оваа болница. На 21 октмоври годинава полицијата приведе дел од поранешното раководство на Општата болница ,,Борка Талески” во Прилеп поради сомнежи дека се вмешани во финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби на јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.
Неофицијално, според сознанијата на порталот, станува збор за сомнежи за криминал во кој се проневерени 16.000.000 денари од буџетот на Општата болница Прилеп.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.