Ајкула снимена меѓу капачите во познато турско летувалиште

На снимката која со брзина на светлината се прошири на интернет, откако две жени настрадаа по напад на ајкула во Египет, се гледа ајкула како плива во плиткото и еден од капачите ја удира со нешто што личи на гребло, пишува „The Sun“. 

После неколку удари, ајкулата отпливала подалеку од децата и капачите.

Се смета дека Средоземното море, на чие крајбрежје е Мармарис, каде е направено видеото, е дом за 47 видови ајкули, вклучувајќи сина и голема бела ајкула.