Ајде, што чекате? Почнете да го живеете животот за кој отсекогаш сте сонувале

Секогаш сум била тип на личност која постојано се извинува за нешто. Се извинувам на келнерот кога ќе ми донесе погрешна пијачка и барам да ми го донесе тоа што сум го нарачала. Се извинувам кога некој друг ќе се удри во мене. И секогаш се извинувам кога ненамерно ќе направам нешто погрешно. Но, најлошо од сѐ е што се извинувам и кога ќе направам нешто за мене. И секогаш се чувствувам лошо поради тоа. И покрај тоа што сум направила нешто добро за себе, нешто што направило да се чувствувам прекрасно. 

Не би требала да се извинувам за работите кои ги правам, а ме прават среќна. Не треба да се извинувам ако одбијам маж кој ме поканил да танцуваме. Не треба да се извинувам ако моето постоење пореметува нечии планови. Не треба да се извинувам што едноставно некогаш немам енергија за ништо. Не треба да се извинувам што понекогаш кажувам „Не“ или „Да“. Не би требало никогаш да се извинувам кога зборувам онака како навистина се чувствувам. 

А не треба ниту вие да се извинувате за тоа! На крајот на краиштата, сите треба да го правиме она што е најдобро за нас, без оглед на погледите или озборувањата. Треба да го правиме она што навистина нѐ радува на крајот на долгиот работен ден. Мораме да престанеме да се извинуваме затоа што сме такви какви што сме – свои. Затоа што сами на себе си даваме шанси. И затоа престанете да се извинувате за секоја работа, престанете за момент да се сомневате во себе!

Вредите повеќе отколку што мислите. Вие сте попосебни отколку што мислите. Затоа, не чекајте и почнете да го правите она што отсекогаш сте сакале да го правите. Она за кое отсекогаш сте сонувале. Ајде, што чекате? Живејте го животот за кој отсекогаш сте сонувале! Ако треба, преселете се на другиот крај на планетата. Заљубете се во личност сосема спротивна од она што сте го замислувале и посакувале за себе. Правете нешто друго освен цело време да дремете во канцеларија. Шетајте низ Европа. Откријте ги работите кои прават да блескате. И направете го тоа без извинувања. Немојте да живеете живот кој им припаѓа на другите. 

Ова е вашиот пат. Вие сами дојдовте на овој свет и сами ќе го напуштите. Вие најдобро се познавате себеси. И затоа направете се себеси горди. Направете си услуга и бидете добри кон себеси и кон своите желби и потреби. И живејте го животот за кој сте создадени. Без двоумења и без изговори.

Не запирајте кога некој ќе ви каже да бидете внимателни. Не се двоумете кога луѓето ги исмеваат вашите соништа. Не се откажувајте ни кога чудно ве гледаат. Одважете се и живејте го вашиот живот, најдобро што можете. Гледајте како ги остварувате работите кои не сте мислеле дека сте возможни. Гледајте како летате сѐ повисоко и повисоко.

И никогаш повеќе немојте да се извинувате затоа што го правите она што е најдобро за вас!