Ајде да се договориме, ти и јас, оваа година да те чувам посилно од кога било...

Ајде да се договориме, ти и јас, оваа зима конечно да ти се вселам под ребрата.

Да си ја распакуваме душата еден на друг, заедно, вадејќи го од неа она што е најубаво и она што во сме го понеле додека си доаѓале еден на друг во пресрет.

Меѓусебно да ја избришеме прашината од погрешни чекори, уморни рамена и долгите трепки на уморните очи, што се одмараат гледајќи се едни со други. 

Ајде да се договориме, ти и јас, оваа година да те чувам посилно од кога било. Во душите да изградиме викендица која ќе биде преголема за еден и таман за двајца, замисли...

Некако, еден ден нè гледам нас двајцата уморно и како бегаме еден од друг помеѓу сенките на нашата душа, која ја нарекуваме викендица. Па таму се среќаваме, судираме, со бакнежи се допираме. 

Ајде да се договориме, ти и јас, во овој живот да се зачувам до крајот на животот.
Ајде доброто утро навистина да биде добро затоа што знам дека си тука. 

Тогаш кога не ми се оди на работа, кога целиот свет ме нервира, кога ме боли глава од мамурлук, кога умирам од глад и кога знам дека сечие заминување ми е сеедно, затоа што и натаму значи твое останување.

Ајде да се договориме, ти и јас, да се сакаме за трошка повеќе.

 Дека секоја зиме ќа си ги грееме рацете, стопалата, образите, и душата, колку и да биле ладни. 

Дека секоја пролет, еден на друг ќе си ги галиме рацете, образите и душата, со крема и бакнежи, да е испукаат од ветрот. 

Дека секое лето, на ѕидовите на нашата викендица која со душата ја заградивме, ќе закачиме заедничка слика од летувањето каде сме облечени во костуми за капење, еден на друг сме си ја покажале разголеноста на душата, ние кои во есен сме намачкани со крема. Колку и да е срамота да ја покажуваш душата разголена. 

Дека секоја есен, баш како лист, еден на друг ќе си паѓаме во прегратка и таму ќе ја чекаме новата зима.

Да презимиме.

Да преживееме.

~ Јосип Милановиќ