АХВ: Во Македонија храната е на високо безбедносно ниво

Во Македонија храната е на високо безбедносно ниво, а системот за контрола е хармонизиран и соодветен на европскиот.

Редовно се контролира и увозот на храна, а операторите во најголем дел се совесни, сами пријавуваат евентуални недоследности и се придржуваат кон условите за безбедност дефинирани со законските и подзаконските акти, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во интервју за МИА.

Агенцијата за храна и ветеринарство врши континуиран надзор над операторите во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и храната за животни, како и за заштита на правата на потрошувачите врз основа на воспоставениот систем за контрола на безбедноста на храната и храната за животни. Контролите се вршат во сите фази на производство, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна и храна за животни.

Покрај редовните, се вршат и вонредни контроли, како и контроли и постапувајќи по претставки поднесени од страна на граѓаните.

Во соработка со операторите со храна АХВ континуирано работи на едукција во однос на преземање на мерки за подобрување на условите за работа во насока на креирање на услови за продажба на безбедна на храна. Недоследностите од помал обем се отстрануваат во соработка со операторите.

Во првите шест месеци од годинава се уништени околу 115 тони храна, од кои најголемиот дел, 112 тони, се храна од животинско потекло.