АХВ смирува: Во Македонија не е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од HiPP, за кого се води истрага во неколку ЕУ-земји

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска информираше дека до овој момент, нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP (190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

„Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира“, велат од АХВ.

Дополнително посочија дека од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата добила писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно дека истиот е пласиран на македонскиот пазар.