АХВ превентивно затвори сендвичара во Аеродром, постои сомнеж за можно труење

Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром откако добиле известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење

Основ за вонредната инспекција контра се пријавените 9 случаи на труење од кои , 5 лица се со лабораториски потврдени наоди на Салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна).

„При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки.

За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се 5 мостри од храна и тоа мајонез, кечап, стек, плескавица и марула, 4 бриса од работни површини и опрема, и 3 од вработените лица.
Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна се до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи, темелно механичко и хемиско чистење“ стои во известувањето на АХВ