АХВ: Месoто во Македонија е безбедно

Бразилската компанија Сеара Алиментос која извезува месо во Македонија ја изгуби лиценцата  за извоз и поради тоа оваа фирма е избришана од регистарот на овластени извозници на месо во земјава.

Од агенцијата за храна засега немаат информација зошто на компанијата и е одземена лиценцата ,но потврдуваат дека производите кои во меѓувреме се внесени на македонскито пазар се исправни. Увезени се претходно и ги имаат поминато сите потребни контроли за безбедност на храна.

- Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз, велат од АХВ.

Откако минатата годинана месната индустрија во Бразил беше ставена под лупа поради сомневања за квалитето на месото, од агенцијата за храна и ветеринарство се во постојан контакт со амбасадата на Македонија во јужноамериканската земја од каде ги добиваат  сите потребни информации за состојбата во оваа индустрија и потоа ги информираат  стопанските  комори во земјава.

- Увозот не месо во Република Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста, се вели во дописот од агенцијата.

Во април минатата година на граничниот премин Ќафасан беа запленети 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил кое беше уништено на депонијата во Струга.

Бразил важи за најголем извозник на месо во светот. Во оваа индустрија се вработени околу 4 милиони работници.