Ахмети откри кој ќе биде кандидат за градоначалник од ДУИ за Град Скопје

Пратеникот и лидер на „Народното движење“ Скендер Реџепи Зејд официјално е кандидат за градоначаник на Град Скопје од редовите на ДУИ. 

- По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија „Народно движење“. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи, објави лидерот на ДУИ Али Ахмети. 

- Неговата кандидатура претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Северна Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој, транспарентност. Партијата е убедена дека со Скендер Реџепи - Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој ја знае реалноста, го слуша граѓаните и работи за сите, додава Ахмети.