Агресивно лице се заканувало кон градоначалникот на Сарај и вработен во општината

Градоначалникот на Сарај Мухамет Елмази се соочил со закани. 

Случајот вчера го пријавил во СВР Скопје. Според пријавеното пред зградата на општината дошло лице кое се однесувало агресивно и упатувало закани кон него и кон вработен во општината.

Инцидентот се случил вчера околу 10:30 часот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.