Агресивен охриѓанец синоќа им се заканувал на мајка си и сопругата и ги избркал од дома

Ноќеска во 00:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.В.(36) од Охрид.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 36-годишниот охриѓанец бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од неговата 65-годишна мајка, дека на претходно околу 21:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неа, како и кон својата сопруга, при што им упатил закани и ги избркал од домот.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.