Агата Кристи: Една од најубавите работи кои можат да ви се случат во животот е среќното детство

Агата Кристи е една од најдобрите писаели на мистериозни детективски приказни. Таа  е креатор на детективите Херкул Поаро и Мис Џејн Марпл.

Ова се некои од нејзините најпознати мисли.

Тајната на успехот е да почнеш од негде.

Каење – тоа е само губење време.

Кога од сопствено искуство знаете што значи ужас, вооружани сте против сите нешта во животот.

За се што сакате, морате да платите висока цена.

Младите мислат дека постарите се будали, а постарите знаат дека младите се будали.

Една од најубавите работи кои можат да ви се случат во животот е среќното детство.

Добриот совет речиси секогаш се игнорира, но тоа не е причина да не го споделиме.

Не ги признаваме важните моменти во животот додека не биде предоцна.

Жената заборава полесно од мажот, но таа и полесно се сеќава на она што го заборавила.

Само луѓето кои ги сакаме можат да ни го направат животот неподнослив.