Афрички бран доаѓа во Македонија: Препораки за заштита

Во текот на следните неколку денови а особено до петок граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности а доколку излегуваат со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесат заштитна опрема и тоа капа и наочари за сонце, стои во временската на Славчо Поповски.

Старите и изнемоштени лица ги советуваме да не се движат и да не бидат изложени врз сончевото зрачење и тоа во периодот некаде од 10 до 18 часот.

Токму ова предупредување го издаваме поради Африканскиот бран кој ја зафати нашата држава и кој максимумот ќе го достигне во петок кога ќе биде и најтопло кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 – 34 степени.

Во текот на попладневните часови особено на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе има коефициент некаде од 10 до 11.