Аеродромци во акција, урнати тарабите за планирана нова зграда

Градежната експанзија во скопската општина Аеродром не запира.

И за време на мандатот на претходниот и во мандатот на актуелниот градоначалник секоја слободна површина, секое паркче, игралиште, тревник... без проблем добива маркица за станбен или деловен објект.

Револтирани граѓани ги урнаа тарабите за новата зграда која треба да се гради на локацијата на постоечки детски парк и игралиште кај Тобако 2, на аголот улиците Руди Чајавец и Фрањо Клуз. Граѓаните си го кажаа своето, се очекува реакцијата на општината.