Аеродромци повикуваат на протест пред Мајчин дом

Откако утрово инвеститорот ја рестартираше градбата кај Мајчин дом, граѓаните од оваа скопска општина преку социјалните мрежи се организираат на протест.

Протестот е закажан за во 18 часот попладнево кај спорната парцела пред Мајчин дом.Инвеститорот ја рестартираше градбата откако беа исцрпени сите механизми за запирање на градвата. Уставниот суд во средата ги одби претставките кои беа поднесени за преиспитување на уставноста на спорниот ДУП И-10.